Битола доби нова културна установа именувана како Јавна општинска установа „Културен и информативен центар“ – Битола, со која ќе раководи Сандра Котевска, дипломиран магистер по конзервација и реставрација со повеќегодишно работно искуство во областа на културата. Засега нема најави за нови вработувања, но извесно е дека по систематизацијата изготвена од директорот ќе има нововработени.

За основање на КИЦ, согласно одлука на Советот на Општина Битола, обезбедени се средства од Буџетот на Општина Битола, во износ од 1.400.000 денари. Во тој контекст, установата е отворена за соработка со сите заинтересирани страни за културен напредок на градот, што истовремено овозможува реализација на проекти, финансирани од различни извори, велат за „Независен“ од општината.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.