Биле презафатени за да го најават гостувањето на „Танец“ во Тетово, најпознатиот ансамбл настапи пред празна сала

Култура 01.11.2019 / 11:16

Жителите на Тетово останаа неинформирни дека во градот вчера гостуваше најпознатиот национален ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец”. Локалните медиуми и новинари не беа известени и затоа немаше најава за настанот.

Малкутемина посетители на социјалните мрежи споделија информација дека за настапот разбрале случајно кога виделе информативен постер залепен на Центарот за култура „Иљо Антески Смок”.

Од Центарот за култура „Иљо Антески Смок” кратко соопштија дека биле презафатени за да ги информираат новинарите.

Ансамблот „Танец” гостувал по повод големиот јубилеј – 70 години од постоењето. Од таму информираа дека настапиле со целиот ансамбл составен од играорниот кор и вокално-инструменталниот состав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.