НУ Библиотека „Григор Прличев“ 127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Прличев ќе ја одбележи на 6 февруари во 13 часот.  Годинава се одбележуваат два јубилеи сврзани со Прличев: 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на ненадминатата поема „Сердарот“.
За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид ќе беседи проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ. Потоа ќе биде промовиран Каталогот на стари и ретки книги, издание на библиотеката. Промотор ќе биде Богомир Наумоски, библиотекар, советник од Струга. Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ќе ја промовира книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар, советник, вработена во библиотеката во Охрид.

Настанот ќе биде заокружен со Прличевата визита и настапот на Михаил и Иван Мишеви кои ќе ја изведат Прличевата „1762 лето“.  Манифестацијата „Прличеви беседи“ библиотеката ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.