На филмскиот фестивал во Берлин, Берлиенале 2020, бротанската актерка Хелен Мирен ќе биде наградена со „Златна мечка“ за животно дело. Во нејзина чест на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Кралицата“, кој е снимен во 2006 година и во него Мирен ја толкува улогата на Кралицата Елизабета II.
Мирен за прв пат играла на филм во 1966 година кога имала 21 година. Оттогаш одиграла значајни и многубројни улоги на филм. Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни награди: Во 2007 година ја добила наградата „Оскар“ за главна женска улога во филмот “Кралицата” (The Queen) , за оваа награда била номинирана и во 2010 година, за улогата во филмот “Последната станица” (The Last Station). Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата “Оскар” во категоријата “споредна женска улога”, и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот “Лудилото на кралот Џорџ” (The Madness of King George) и во 2002 година, за улогата во филмот “Паркот Госфорд” (Gosford Park).
Х. Мирен во 2014 год.
Исто така, Мирен е добитничка на четири награди на “БАФТА (BAFTA)”: во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во “Главниот осомничен” (Prime Suspect), “Главниот осомничен 2” (Prime Suspect 2) и “Главниот осомничен 3” (Prime Suspect 3), додека во 2007 година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во филмот “Кралицата”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.