Објавен е јавен повик за културната манифестација „Бела ноќ 2021“ која годинава ќе се одржи по 17-ти пат.

Организаторот Град Скопје и ЈУ Универзална сала информираат дека на годинешнава „Бела ноќ“ ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм, проекции и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.

Квалитетот, иновацијата и карактерот во опсег на предложениот концепт, ќе бидат главните критериуми при селекцијата на апликациите. Поднесени пријави треба да се осмислени така што ќе постои можност за истите да бидат применети мерките за заштита од ковид-19 кои ќе бидат активни на денот на реализација на настанот – велат од Град Скопје.

Пријавите треба се испратат најдоцна до први септември 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.