На јубилејното 10-то издание на меѓународниот филмски фестивал ТИФФ ОДА во Тетово повторно ја има категоријата „Сине Балкан панорама“, а ќе бидат прикажани филмови создадени во земјите од балканскиот регион со пет премиери.
Фестивалот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ почнува вечерва со свечено отворање во 20 часот и прва проекција половина час подоцна.
Филмовите во категоријата „Сине Балкан панорама“ се: „HIVE“ филм кој се истакна и беше оценет на многу меѓународни фестивали, продукција од Косово, Албанија и Македонија, во режија на Блерта Башоли; „101 претстава и 102 животи, Бајруш Мјаку“ од режисерот Филип Херин создаден во Македонија; „Андромеда Галакси“ е од Косово во соработка со Шпанија, Италија и Македонија од режисерот Море Рача; „Помирување“ производ на Словенија, Србија, Црна Гора и Косово од режисерката Марија Зидар; „Човек“ на режисерот Игор Иванов од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија и Косово – информира Берат Асани, претседателот на меѓународниот филмски фестивал.
На годинашниот филмски фестивал ќе бидат прикажани вкупно 40 филмови, од кои 13 краткометражни играни филмови, 8 кратки документарни филмови, 7 анимирани кратки филмови и 12 студентски филмови.
„Исчезнатиот“ на Арбен Тачи е филм со кој вечерва ќе почне јубилејното издание на филмскиот фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.