На 28.05.2021 со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе биде изведен балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“.

Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил (Данска) инспирирани од Франција и Шпанија. „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на неговата младост и едукативен престој во Франција и „La Ventana (Прозорецот)“ кој ја отсликува неговата страст за Шпанија. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска).

Музика од Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед,  сценографијата е на Зоран Николовски, костимите ги изработи Марија Пупучевска,  а асистент на продуцентите е Саша Евтимова.

Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.