Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведен балетскиот концерт „Балетски бисери“. На концертот ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Од НОБ информираат дека на овој балетски концерт ќе бидат опфатени најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн.

Настанот ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, со задолжително носење заштитна маска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.