Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја изведе балетската претстава „Шехерезада“ на музика од Николај Римски Корсаков.

Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија.

Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, соопшти МОБ.

Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.