Вечерва во 19 часот, во Домот на армијата Скопје, ќе се одржи балетската претстава „Импулс“ со студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при Универзитет Гоце Делчев-Штип.
Претстава е во два дела, првиот насловен „All good” во кореографија на Адријана Данчевска, музика на Sawf-Pleasure, Loscil-Coasts во кој настапуваат: Стефани Шаршмит, Андреј Димоски, Емилија Милак, Клара Христова, Сара Димовска, Јоана Благадуша, Микаела Ангела Глигорова и вториот, под наслов „DEVILS HOLE“ во кореографија на Дејан Битровски, на музика на Виктор Филиповски и Тони Китановски, а настапуваат Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Андреј Димоски, Емилија Милак, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова.
Вечерва ќе се додели наградата „Менада“ за поддршка на развојот на современиот танц кај нас на кореографката и професорка на Кралскиот универзитет во Хаг, Холандија, Џоан ван дер Маст, која преку нејзиниот „Нов центар за танц“ од Хаг, додели донација на Катедрата за современ танц при УГД, танцов дрвен и винилски под за новите студија во Домот на армијата, со што се комплетираа стандардите за одржување на наставата за савремен танц на највисоко ниво.
Соработката со холандските уметници и поддршката која холандската амбасада, во изминативе 11 години ја дава се од исклучителна важност и имаат голем придонес во развојот на современиот танц кај нас, кој го сметаме за еден од врвните дострели на таа соработка, вели Рисима Рисимкин, деканка на Филмската акдемија при УГД, во чиј состав е Катедрата за современ танц.
Влезот за претставата е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.