Во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021, со почеток од 20 часот ќе биде изведена современата балетска претстава насловена „Гранд хотел“.

Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж Драушник, додека асистент сценограф е Рања Жиропаџа. Играат Мојца Мајцен, Огњен Вучиниќ, Бранко Митровиќ и Јакша Филиповиќ.

Билетите за претставата се во продажба на karti.com.mk, а ќе може да се купат и пред почетокот на претставата на благајната на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.