Во среда, (24.4.) во 20 часот, Националната опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава „Шехерезада“. Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор, Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата „Шехерезада“ е на познатиот кореограф од Москва, Михаил Крапивин. Сценографијата на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија.
Мистична, елегантна и егзотична!
Балетска приказна работена по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија), солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.