Македонската опера и балет (МОБ) најавува двојна изведба на балетот „Оревокршачка“ на 30 јануари 2019 и 2 февруари 2019, со почеток во 20.00 ч. Музиката е на Петар Илич Чајковски.

Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1..2019) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2.2019), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.