Вечерва премиерно, на малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот ќе се одигра претставата „Работи за кои не зборуваме“ во режија на Нела Витошевиќ.

„Работи за кои не зборуваме“ е авторски проект на екипата базиран на лични монолози, анонимни сведоштва и документарен материјал.

Ова е претстава во која многу приказни се испреплетени, како лични, така и собрани од повикот, но и од медиумите, па во тој лавиринт од приказни сите знаеме да заиграме сѐ. Се играме себе си во многу ситуации, ги играме ликовите, понекогаш ликовите се поклопуваат со некој наш став, но главната цел е имено тоа – да им дадеме глас на работите за кои не се зборува јавно, работите кои „демек“ се подразбираат, вели актерот Никола Настоски.

Драматург e Викторија Рангелова-Петровска, а играат Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Сценографијата е на Васил Христов, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, користена е музика на Крсте Роџевски, а изборот го направи режисерката.

Настоски: Ова е претстава во која многу приказни се испреплетени, како лични, така и собрани од повикот

Во најавата од МНТ велат дека ова е претстава која преку интимни и емотивни разговори сака да им даде глас на општествените појави за кои не се зборува.

Сите во претставата играме повеќе од еден лик. Ова е претстава во која многу приказни се испреплетени, како лични, така и собрани од повикот, но и од медиумите, па во тој лавиринт од приказни сите знаеме да заиграме сѐ. Се играме себе си во многу ситуации, ги играме ликовите, понекогаш ликовите се поклопуваат со некој наш став, но главната цел е имено тоа – да им дадеме глас на работите за кои не се зборува јавно, работите кои „демек“ се подразбираат. Не, не се подразбираат, треба да се отворат, да се дискутираат и да се реши проблемот, вели Настоски.

Претставата е копродукција на „Вондерленд театар“ и МНТ, а финансирана од Швајцарската амбасада во земјава. Наредните изведби се закажани за 19 и 21 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.