Денот на државноста на Република Србија се одбележува со низа манифестции, но и меѓу Србите во регионот, како потсетување на празникот Сретение од 1804 година, кога е подигнато Првото српско востание. Со тоа е започнато ослободувањето од Турција (Османлиското царство) на истиот датум 1835 година, е донесен првиот модерен устав на Србија.
По повод празникот Сретение Господово, ден на Државноста на Република Србија, српските невладини организации во Македонија ве покануваат да присуствувате на „Уна сага Сербика“ манифестацијата. Главната свеченост ќе се одржи на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), недела 16. февруари 2020. година, со почеток од 20 часот.
Влезниците се бесплатни но потребна е резервација на srbijanvo@gmail.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.