Кинематограферот Самир Љума објави дека ѕвездата на документарецот „Медена земја“ кој се тркаше за „Оскар“, Атиџе Муратова, ја снимила својата прва студиска песна. На својот твитер профил, Љума сподели и фотографија од Муратова од студио, а кинематограферот додава и дека станува збор за песната „Покрај река Брегалница.“

И во документарниот филм Муратова не ја криеше својата љубов кон музиката. Како што пренесува Радиомоф.мк, токму темата на нејзината прва студиска песна таа сакала да ја испее на оскарите, доколку документарецот го добиеше највисокото признание.

Порталот потсетува и на видео каде таа ја пее „Покрај река Брегалница“ заедно со Самир Љума.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.