По неколку години археолозите се вратија на локалитетот Баргала. Се работи на три локации на најрепрезентативниот и најпосетуван локалитет во регион. Работници и археолзи има на градската базилика и на јужниот бедем.
Предизвик за археолозите е што по 30 години се отвара мозаикот во епископската базилика на локалитетот Баргала. Повикани се стручни лица од локалитетот Стоби, коишто исклуиво работат на вакви мозаици. Долги години бил покриен, а сега се заштитува.
Штипскиот Музеј средствата од околу еден милион денари ги има обезбедено преку Програмата на Министерството за култура. На доцноантичкиот град кој датира од четвртиот до шестиот век работат десеттина археолози од Штип, Струмица, Кочани и Виница и педесетина работиници. Штерјов најави дека кон крајот на годинава или почетокот на наредната со европски пари ќе истражуваат на Исарот симболот на градот Штип. Таму ќе се работи на северното подградие на тврдината и на конзервација на црквата Свети Власие, а ќе се изградат патеки, осветлување. Со што и овој објект ќе биде дел од туристичката понуда на градот Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.