Најновите археолошки откритија на Трескавец и античката населба Колобаиса која егзистирала на тој простор од 1 до 6 век и даваат нова димензија и ќе ја зацврстат апликацијата за УНЕСКО на заштитеното подрачје Маркови Кули.
Деновиве заврши последната етапа од истражувањата кои започнаа 2008 година при што се дефинираа 10 етапи на користење на овој простор, се открија двата влеза во населбата кои покажаа дека местото отсекогаш имало сакрален карактер, а не било воено утврдување. А се докажа и тоа дека 13, а не 14 век е периодот на најголемиот развој на манастирската архитектура во Византија.
Целиот простор ќе биде организиран како едно мистично патување низ времето преку раскажување на милениумската приказна на ова место од антиката до денес што ќе претставува уникатна туристичка атракција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.