Македонската филхармонија вечерва одржа симфониски концерт „Ангелите и градот“. Првпат на македонската музичка сцена, симфонискиот оркестар ја изведе познатата Симфонија бр. 4 „Лос Анџелес“ од еден од најдобрите современи композитори, Арво Перт.

Диригент на концертот е Конрад ван Алфен. Покрај делото на Перт, на концертот беа изведени и Полка од балетот „Златна доба“ од Дмитриј Шостакович, како и Концерт за мала флејта во C-dur од Антонио Вивалди и Концерт за обоа и оркестар во g-moll од Јохан Себастијан Бах, каде како солист на барокна флејта ќе се претстави Луси Хорш од Холандија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.