Српскиот актер Андрија Милошевиќ ја кани македонската публика да ја проследи неговата претстава „Златен ланец од бижутерија“, која ќе се одржи во МНТ во Скопје, во петок, на 22 март од 20 часот.
„Златен ланец од бижутерија“ е хит претстава во регионот со текст на Миодраг Мио Караџиќ. Продуцент на претставата е Бата Караџиќ, а музиката е на Владимир Рацковиќ. Сценариото ја раскажува животната приказна на Констадин- Лале, 35 годишниот црногорец кој доаѓа во Белград полн со надежи и очекувања. Тој бара богата девојка да го издржува. Кога ќе ја најде, започнува авантурата.
Билетите за претставата која ја носи „КМК продукција“ се продават онлајн на страницата на МНТ и на билетарата на театарот. Погледнете го видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.