НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата за младинци АНА И ХАНА по мотиви на ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК, во адаптација и режија на Драгана ГУНИН на 15.01 (вторник) со почеток во 19 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.
Драга Ана,
Многу се радувам што се сретнавме. Немам одговор на многу твои прашања само се надевам дека бар во еден момент допревме до твојата приказна.
Знам дека е тешко да се замисли ама фашизмот сè уште трае. Човештвото е во постојан пораз од себеси и оние на власт. Во еден момент се чини дека светот се распаѓа. Уште има војни, уште има кафези што бараат птици ама и птици што се борат за својата слобода.
Постојат луѓе како тебе што го спасуваат и го прават поубав, потопол и похуман. Иако е сè потешко.
На крај на ден и јас сакам да верувам дека луѓето се навистина добри во срцата.
Твоја Драгана
Драгана ГУНИН
Режисер на претставата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.