Во манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во Вељуса, вчера беше потпишан грантот од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави за конзервација и реставрација на овој споменик на културата од средно византиската епоха зачуван на македонската територија.

Грантот го потпишаа амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, Хусни Исмаили.

Како што информираше америкаснката амбасада пред својот ФБ профил, над 100 00 долари ќе бидат обезбедени за обнова на манастирот.

Министерството за култура во повеќе наврати во изминативе години финансиски интервенираше за заштита на овој значаен белег на културното наследство на Македонија, но со потпишувањето на грантот од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави ќе се придонесе за ревитализација и за подолгорочна санација и заштита на вредниот објект, како и на живописот кој има единствени иконографски решенија кои биле инспирација за натамошниот развој на византиското монументално сликарство, истакна министерот Исмаили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.