Македонскиот писател Александар Прокопиев е гостин на 12-то издание на Саемот на книгата и книжевниот фестивал на автори „Врисок“ што ќе се одржи во Риека, Хрватска (избрана за Европски град на културата за 2020).
На фестивалот, што ќе се одржи од 12-19 мај, се преставуваат книжевните дела на триесетина значајни регионални автори меѓу кои Слободан Шнајдер, Клаус Детлеф Олаф, Зоран Предин, Боривој Радаковиќ, Срѓан Воларевиќ, Ласло Вегел…
Претставувањето на хрватскиот превод на книгата „Човечулец“ ќе се случи на 14.05 навечер во Гувернеровата палата во Риека.
„Човечулецот“ се движи низ Европа, веќе стапна во Азија и Африка, но мене, како на автор, ми е најдраго кога патува и се препознава низ нашиот регион“, ни кажа Прокопиев, чиј „Човечулец“ неодамна имаше своја вечер и во рамките на циклусот „Словенска фантастика“ што секоја среда се одржува во белградската Универзитетска библиотека „Светозар Марковиќ“, вели Прокопиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.