Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат романот „Александар и Клеофила“ од современиот македонски писател, Паскал Гилевски.
Најновото прозно остварување на познатиот писател е апотеоза на љубовта, инспирирана од најголемото љубовно доживување на Александар Велики и волшебната индиска кралица Клеофила. Гилевски ги испреплетува двете љубовни приказни, мајсторски мешајќи ги времињата, античкото и нашето време, пишува Раде Силјан во препораката на изданието.
Паскал Гилевски (Сетома, 1939) е автор на богат поетски и прозен опус, високо вреднуван од литературната критика. Добитник е национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 0ктмври“, „Стале Попов„, „Рациново признание“ и „23 Октомври“.
Член е на Унгарската академија на науките и уметностите од 1996 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.