Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, добитник на два Оскара, за филмовите „Повратник“ и „Човек птица“, ќе претседава со жирито на 72.Меѓународeн филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 14 до 25 мај, објавија организаторите на една од најпрестижните филмски смотри во светот.

Со изборот на педесет и петгодишниот мексикански уметник на местото претседавач со жирито, Фестивалот ќе ја „слави целокупната мексиканска кинематографија“, и во прв план ќе го стави режисерот кој со помош на виртуелната стварноста на гледачите им овозможи да го спознаат пеколот низ кој минуваат мигрантите во филмот „Месо и песок“. За овој филм во 2018 година Инариту го освои Оскарот во категоријата особени постигнувања.

Алехандро Инариту ретко прифаќа да биде дел од некое филмско жири, а морам да кажам дека ова е првпат со фестивалот во Кан да претседава еден мексикански уметник. Кан е крстосницата на сите кинематографија, а овојпат посебно ќе ја славиме мексиканската кинематографија, рече претседателот на фестивалот, Пјер Ласкур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.