Вишиот управен суд донесе пресуда во која ја потврдува Одлуката на Управниот суд во корист на композиторите чии дела беа наградени на Конкурсот на Министерството за култура, што го потврдува поништувањето на резултатите од Конкурсот од страна на поранешниот Министер за култура Роберт Алаѓозовски.

Министерството за култура, преку Државниот правобранител поднесе жалба на одлуката на Управниот суд, која Вишиот управен суд ја оцени како неоснована.

Со ова решение, практично, Министерството за култура треба да им даде договори на оштенените автори и добитниците на наградите на Конкурсот кој беше објавен, спроведен и поништен од страна на Министерството за култура.

Авторите го обвинија Алаѓозовски за незаконито поништување на резултатите откако беа јавно објавени на веб страната на Министерството бидејќи не му се допаднале имињата на наградените автори. По 2 годишниот судски спор, авторите конечно дочекаа судска разрешница.

По добивањето на пресудата, неколку автори добитници на конкурсот побараа договори од Министерството за култура, но истите се пожалиле дека биле одбиени и дека Министерството немало намера да им даде договори и покрај пресуда на највисоката судска инстанца во државата.

Прашање е дали авторите ќе треба да покренат и дополнителни граѓански тужби или Министерството конечно ќе ја испочитува Пресудата на Вишиот управен суд.

 

извор: Veritas.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.