Падови на римска империја преживеал аквадуктов, но оваа Влада не ја допреживеа. Ако тоа не е атракција, јас не знам што е, пишува на фејсбук Богдан Илиевски, по веста дека скопскиот Аквадукт деновиве бил повторно и дополнително оштетен од се уште непознати сторители.
Дури десет потпорни носечки столбови кои се клучни за негова стабилност биле сериозно оштетени.
Ветено – реализирано: Го издигнаа во атракција. Го заштитија историското наследство со конкретни дејствија. Му влегле некои простаци и уништиле 10 столбови. Поконкретно дејствие, здравје. Падови на римска империја преживеал аквадуктов, но оваа Влада не ја допреживеа. Ако тоа не е атракција, јас не знам што е.
Преку овој пример, имате скица за движечкото мото на оваа екипа: Многу (многу) зборување, нула акција. И после ќе се чуди некој и ќе чеша глава зошто не сме броени за држава… Резил., пишува Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.