Второ издание на концертниот проект „Акустик електроникс“ со композиции на теми од познати електронски хитови низ историјата на електронската музика во изведба на Ема Попивода – пијано, Оливер Јосифовски – контрабас и Александар Петров- тапан.

Проектот почнува во 22 часот, а се реализира во рамките на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2019. Музичарите инспирирани од современата електронска музика, во стилот на класичните композитори, на акустични инструменти, во сосема нова возбудлива атмосфера ќе се обидат да им дадат дел од сопственото автоско-изведувачко кредо на „класичните теми“ на КРАФТВЕРК, ЊУ ОРДЕР, ОРБИТАЛ…

Во среда – 27 февруари, 2019 година, концертното пијано Yamaha на КRITERIUM MUSIC ќе пристигне на сцената во клубот Станица 26. По концертот забавата продолжува со ДЈ Mirko Popov и ДЈ DJ Zoki Bejbe.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.