Промената на устовното име беше главна инспирација на василичарите кои денеска поминаа низ улиците на непокорното Вевчани, кое со години е домаќин на вевчанскиот карневал-театар на отворено и симбол на непокорот и хуморот на неговите жители.

Главни актери на секој карневал се зетот и невестата како и глупите августи, но денеска можеше низ улиците на Вевчани да се видат и Комисија за доделување на Нобелова награда, минимална плата од 500 евра, странските инвестиции, ѕидот на Трамп на границата со Мексико, специјалните обвинителки, загадениот воздух итн.

Доделена Нобеловата награда во Вевчани! фото: фејсбук
Facebook, Google, и 500 € пристигнаа во Македонија, Instagram чека на граница “Кореја” фото: Фејсбук

Во музичкиот дел настапија: „Архангел“, „Балкава“, „Галија“ Кате и „Нели ти реков“ и други, а манифестацијата традиционално ќе заврши со палење на маските сред село утре напладне.

Групата „Галија“ на Вевчански карневал фото: Фејсбук


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.