Актерот Владимир Тулиев доби отказ од неговиот матичен театар во Штип. Информацијата ја потврди Тулиев преку Фејсбук, истакнувајќи дека по 42 години од првата професионална театарска претстава утринава му стигнало и отказното решение.

Засега нема подетални информации зошто Тулиев е избркан од работа.

Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација! Не дозволувам ниту јас! Ви Благодарам за поддршката!, напиша Тулиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.