Актерот Висар Вишка е поставен за нов в.д. директор на театарот во Гостивар. Висар Вишка е дипломиран актер на факултетот за драмски уметности во Скопје. Вишка, кој изминативе години глуми во повеќе балкански и европски телевизиски и филмски проекти, беше вработен во Македонскиот народен театар (МНТ), а беше и советник на претходниот министер за култура Асаф Адеми.

Поради новата функција, за која се чека потпис од Министерството за финансии, неговото работно место во МНТ е ставено во мирување.

Отворањето на Националната установа Гостиварски театар лани во октомври ја најави тогашниот министер Адеми.

Тогаш беше објавено дека в. д. директор е Берат Салиу, дека со одлука на Владата ќе има 27 вработени и дека Театарот ќе ја дели сцената со Центарот за култура АСНОМ. Адеми тогаш кажа дека за старт на театарот ќе бидат издвоени 10 милиони и 225 илјади денари (околу 165.000 евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.