Македонскиот актер Благој Веселинов е еден од десетте добитници на наградата „Shooting Stars“, која ја доделува Берлинскиот филмски фестивал. Наградата се доделува на најдобрите европски актери во подем.

Признанието се доделува веќе 22 години и секоја година се претставени десет млади актери од Европа. Веселинов ќе го добие своето признание за време на фестивалот, кој годинава ќе трае од 8 до 11 февруари.

Во одлуката на жирито пишува дека Веселинов ги освоил со неговата „длабока и неочекувана чувствителност“ во наградуваниот филм „Иселител“ („Secret Ingredient“).

Меѓу останатите добитници има актери и од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.

Благој Веселинов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој учествувал во повеќе од 50 театарски претстави и 15 филмски улоги, почнувајќи со „Како да ме нема“. Но, тој е најдобро познат по улогата во наградуваниот филм на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ (2017). Веселинов е исто така дел од Македонскиот народен театар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.