„Актер човек“ како алтернативен проект на покана од интернационалниот театар во Приштина AAB Theater “Faruk Begolli” станува дел од редовниот репертоар, а  приштинската публика ќе има можност да ја гледа претставата еднаш месечно. Актерите ќе играат на англиски јазик, но и на својот мајчин јазик. Ова е првиот алтернативен проект кој станува дел од репертоарот на институција која е вон нашата држава. Првата изведба е закажана за 19 декември.

Алтернативниот театарски перформанс „Актер човек“, веќе една година е активен во Скопје, а гостува и во градовите низ државата, одигран на неколку значајни фестивали и манифестации. Беше дел од фестивалот на камерна драма “Ристо Шишков”, каде ја зема наградата на НЕТА за Истражување на тајните на актерското мајсторство, Скопско лето, Лица без маски. На интернационалното гостување во Словенија ја зема наградата за најдобар алтернативен перформанс, а на Интернационалниот фестивал во Приштина, Томе Станковски ја зема наградата за најдобро актерско остварување.

Автор и режисер на претставата е Теа Беговска. Играат Томе Станковски, Теа Беговска и Даријан Петров, а автор на музиката е Енес Беговски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.