На Биеналето на Скулптура Огрове, во конкуренција од 33 интернационални скулптори, македонскиот академски скулптор Александар Ефтимовски го освои првото место за делото со наслов “Испреплетено”. Ефтимовски во периодот на неговиот престој во Огрове изработи скулптура во гранит која ке биде трајно поставена во градот.
Ова не е прва награда што Ефтимовски ја освоил во Шпанија. Во 2014 тој го освои второто место на Симпозиумот на скулптура во Гилена, каде исто така изработи скулптура во камен со големи димензии. Оваа година Ефтимовски го претстави својот авторски израз учествувајки на фестивали и симпозиуми во Луксембург, САД, Франција и секако Шпанија каде што изработи скулптури во голем формат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.