Чешката филмска школа „ФАМУ“ која беше главен партнер во проектот за Академија за филм на претходната Влада ја прекина соработката бидејќи ЈНУ „Институт за филм – Филмска академија“ не ги исполнувала финансиските обврски.

За одлуката со писмо било известено и МОН, лично од деканот на „ФАМУ“ во кое тој изразува разочараност од случувањата со Академијата за филм во Охрид која требаше да биде првата франшиза на чешката филмска школа од каде имаат излезено плејада светски познати режисери и филмски работници.

Академијата за филм во Охрид нема буџет, не се исплаќаат хонорари на визитинг професорите, нема нови студенти со тоа се загрозува угледот на „ФАМУ“.

МОН засега нема решение иако од таму велат дека максимално ќе се заложи за соодветно решение за состојбата во која се наоѓа Филмската академија.

 

извор:охрид1.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.