47. Мајски оперски вечери ќе се затворат со изведбата на величествената „Аида” од Џузепе Верди на 31 мај во 20 часот во Националната опера и балет.
Спојот на традицијата со визуелната иновација, футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија. Диригент е Диан Чобанов од Бугарија, диригент со богата европска кариера.
Во главните улоги ќе настапат Русинките Олга Романко како Аида и Ирина Долженко како Амнерис. Во улогата на Радамес ќе настапи првенецот Ѓорѓи Цуцковски, додека во улогата на Амонасро ќе настапи Анџело Веча, гостинот од Италија. Улогата на Фараонот ќе ја исполни Александар Стефаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.