Агенцијата за филм ќе ги поддржи дебитантските долгометражни филмови на Георги М. Унковски, „ДЈ Ахмет“ и „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ.

На последниот конкурс аплицираа 51 проекти, од кои 33 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 18 краткометражни (играни, документарни и анимирани). Ќе се снимаат и девет краткометражни играни филмови и три документарни филмови со македонски мнозински удел како и учество во три малцински проекти.

Вкупниот буџет за реализација на овие проекти изнесува 75.700.000,00 денари.

Резултатите се од конкурсот објавен во август минатата година, кој беше пролонгиран поради тоа што Агенцијата немаше прв човек.

Агенцијата за филм  ја продолжува стратегијата за поддршка на млади автори чии проекти имаат потенцијал за успешна промоција на фестивалите. Двата долгометражни филмови се разликуваат жанровски и се надеваме дека авторите ќе покажат препознатлив режисерски јазик, рече директорот Бојан Лазаревски.

На овој конкурс се одлучуваше и за поддршка на домашните филмските фестивали, и ќе бидат реализирани 20 фестивали меѓу кои се: ИФФК „Браќа Манаки“, „ЕХО Фестивал на планински филм“, „Синедејс“, „ОДА Тетова итернатионал филм фестивал“, „Филозофски филмски фестивал“, „47 Државен фестивал на непрофесионален филм“, „Џифони Македонија“, „Македокс“, „Златно тркало“ и други.

До крајот на месецов завршува рокот за аплицирање на мартовскиот конкурс за поддршка на проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.