На денешното соопштение со кое Фестивалот „Киненова“ реагираше на одлуката на Агенцијата за филм и Град Скопје да не бидат поддржани, писмена реакција достави и Агенцијата за филм на Република Македонија.
„Фестивалот „Киненова“ и минатата година не беше поддржан бидејќи не ги задоволуваше критериумите кои Филмскиот совет при Агенцијата за филм ги земаше во предвид при разгледувањето на сите пријавени проекти.
Крајно неточно и тенденциозно е мешањето на филмот „Ругање на Христос“ бидејќи во повеќе од 20 изјави и интервјуа Агенцијата за филм објасни дека ниту го цензурира филмот ниту има намера да ги ограничува авторските слободи.
Напротив, за филмот беа исплатени средства и сеуште се исплаќаат средства и ова е само една крајно некоректна дезинформација за јавноста.
Агенцијата за филм поддржува, и ќе продолжи да поддржува во рамките на својот буџет кој оваа година е преполовен, исклучително квалитетни, професионални, автентични филмски проекти, фестивали и манифестации.
Впрочем, огромните резултати и историски успех на македонскиот филм се доказ дека Агенцијата е на прав пат во консолидирање на опустошената партиски настроена македонска кинематографија, се вели во реакцијата на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.