Абдулразак Гурна е добитник на Нобеловата награда за литература за 2021 година.
Нобеловиот комитет соопшти дека наградата ја добива за „бескомпромисното и сочуствително навлегување во ефектите на колонијализмот и судбината на бегалците кои се наоѓаат во бездната помеѓу културите и континентите“.
Гурна е роден 1948 година и пораснал на остворот Занзибар во Индискиот Океан, но стигнал во Англија како бегалец на крајот на 1960-тите години. По мирното ослободување од британската колонијална власт, Занзибар помина низ револуција која водеше кон репресија и прогон на граѓани со Арапско потекло. Гурна бил дел од маргинализираната етничка група и откако завршил со образованието бил принуден да го напушти семејството и да избега од, тогаш новоформираната, Танзанија кога имал 18 години.
Гурна досега има објавено 10 романи и поголем број кратки прикзани. Темата за проблемите со кои се соочуваат бегалците преовладува низ неговото творештво. Започнал да пишува како 21-годишник во егзил во Англија и иако неговиот мајчин јазик бил свахили, тој започнал да го користи англискиот. Тој самиот има кажано дека неговиот пристап до литература на свахили бил скоро непостоечки и дека неговото пишување на почетоците не можело да се смета како книжевност.
Неговиот најпознат роман е „Рајот“ (Paradise) од 1994 година, со која беше меѓу главните конкуренти за Букеровата награда, раскажува за животот и патешествието на африканско момче, продадено при враќање на долг од неговиот татко пред почетокот на Првата светска војна. Последната книга на Гурна, „Животите после смртта“ (Afterlives) од 2020 година, се случува пред крајот на германската колонизација на Источна Африка, во 1919 година.
Посветувањето на вистината на Гурна и неговата аверзија кон симплификацијата се впечатливи. Ова можеби го прави празен и бескомпромисен, додека истовремено ги следи судбините на индивидуалци со огромно сочувство и резервирана посветеност. Неговите романи се одвојуваат од стереотипичните описи и ни го отвораат погледот на културно различната Источна Африка, непозната за толку многу луѓе во другите делови од светот. Во литературниот универзум на Гурна, се` се менува – спомените, имињата, идентитетите. Ова е веројатно бидејќи неговиот проект не може да биде завршен во било каква дефинитивна смисла. Бесконечно истражување, мотивирано од интелектуалната пасија, е присутно во сите негови книги и е еднакво изразено сега, во „Животите после смртта“, исто како кога почна да пишува како 21-годишен бегалец“, посочија од Нобеловиот комитет.
Гурна предава на Универзитетот во Кент. Тој, покрај признанието, ќе добие и парична награда од околу 900 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.