На 14 ноември 1944 година во Битола почна со работа професионалниот театар, а за публиката во овој град беше изведена едночинката на Владо Малески –„Петтоимениот Ѓоре“.
Првите членови, основачи на Битолскиот театар биле Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, браќата Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, а за прв управник на театарот бил назначен Аки Павловски.
Годинава официјалната страница на НУ Народен театар-Битола осамна со соопштение во кое се нагласува дека таа национална установа не остана имуна на вирусот Ковид-19, одложени се подготовките на театарски претстави, ниту пак се изведуваат претстави поради изолација на вработени во установата.
Вашата поткрепа ни е потребна повеќе од кога било, затоа што театарот без публика е бесмислен! Останете во добро здравје, и се гледаме наскоро, порачуваат од НУ Народен театар-Битола на денот кога се одбележуваат 76 години од основањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.