МЕДИА Деск МК информираше дека два македонски филмски фестивали ИФФК „Браќа Манаки“ и фестивалот на креативен документарен филм “Македокс“ добија вкупна поддршка од МЕДИА од 62.000 евра во повикот: Филмски фестивали во првиот рок (Support for Film Festivals – deadline 1 – Call EACEA/32/2018) .
ИФФК „Браќа Манаки“ доби поддршка од 35,000 евра, додека „Македокс“ доби поддршка од 27,000 евра. Во овој рок аплицирале 106 филмски фестивали од 30 европски земји, од кои само 33 добија финансиска поддршка, велат оттаму.
Она што е особено значајно за нашата земја е дека и двата македонски фестивала оваа година слават јубилеј. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе го има своето 40-то издание од 14-21 септември 2019, а “Македокс“ ќе го слави 10-от роденден од 21-28 август 2019.
Вториот рок во повикот за филмски фестивали завршува на 07.05.2019 и се однесува на фестивали кои се одржуваат помеѓу 01.11.2019 и 30.04.2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.