Во „ СТУДИЕФОРБУНДЕТ“, во Малме, Шведска на 29 ноември, годинава беше отворена изложбата „ЖИВОТ“ со која се представи мултикултурната група од шеесетина ликовни уметници од Македонија која по прв пат изложува во Малме.

Организатор на настанот е ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје со поддршка на Град Скопје и Градот Малме, куратори се Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски, а пред присутните говорела и Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура од ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје и Борис Антовски, од име на Здружението на Македонците од Малме.


-На изложбата се представије уметници од повеќе генерации, но и од повеќе ентитети, активно присутни на ликовната сцена во Република Македонија и надвор, учесници на бројни изложби и други проекти во земјата и надвор, голем дел се и професори од Државниот Универзитет , УПУ „Лазар Личеноски“ од Скопје и од други универзитети во земјава. Голем дел од нив се и наградувани со повеќе награди и признанија, како во земјата така и надвор. Мултикултурната група уметници со својата разнообразност како во стилскиот израз така и во разнообразноста на применетите техники, го доловува духот на современата ликовна сцена во Република Македонија кој е во релација со глобалните проблеми со кои светот се соочува, и кои треба да се предизвик за заеднички напори преку взаемен дијалог и креативен ангажман не само во уметноста , туку во сите сфери на живеењето, светот да го направиме поубаво место за заеднички живот за сите , каде и да сме, вели Винчиќ.

На изложбата се претставени дела од: Александра Арсовска, Андријана Андреева, Весна Радишиќ Ацковска, Маја Андонова Јокиќ, Сашо Ацковски, Сашо Блажески, Емилија Божиновска Шумковска, Борјана Божиновска Ѓорѓиевска, Витан Божиновски,Томо Бундевски, Лидија Вујисиќ, Марко Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Жаклина Глигориевска Кочовска, Вера Дворска, Горјан Ѓоргиев, Ана Ивановска, Анета Ивановска Симјановска, Валентина Илиевска, Симона Јакимовска, Стефан Јакимовски, Зоран Јакимовски, Бранко Јакшиќ, Петра Јовановска, Маја Кировска, Цветанка Јованова Хермес, Лиле Јовановска Арсова, Сарита Конеска, Росица Лазеска, Гордана Винчиќ, Шќипе Мехмети, Верина Николова, Лидија Пачемска Џонс, Ицко Петрески, Жанета Радевска Спировска, Исмет Рамиќевиќ, Маја Рауник Кирков, Марија Светиева, Александар Таневски, Игор Таневски, Катерина Таневска, Тања Таневска, Ана Темкова, Емилија и Стојче Тоциновски, Луси Хуи Трајковска, Симонида Филипова Китановска, Вернон Џонс, Тони Шулајковски, Наташа Милованчев, Игор Љубовчевски, Дита Старова Ќерими, Бурхан Ахмети и Силвана Силва.

-Се надеваме дека оваа групна изложба по претставувањето во Шведска ќе биде претставена и во повеќе други земји, за што е веќе има интересирање, вели Винчиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.