Десетици вработени во познатиот московски театар „Болшој“ имаа позитивен тест на коронавирусот и се ставени во карантин дома, изјави директорот на театарот Владимир Урин.

Сите 34 заразени вработени во Болшој беа асимптоматски, но им беше забрането да учествуваат во концертот што се одржуваше во празна сала, а се емитуваше во живо на државната телевизија во саботата, рече Урин.

Тој тврди дека ниту еден од „неколкуте стотици“ други кои биле вклучени во организирањето на концертот на Болшој театарот не се покажал како позитивен.

Без исклучок, целиот персонал на театарот, вклучувајќи ги чуварите и инженерите, беше тестиран за коронавирус два дена пред концертот , рече Урин за државната новинска агенција ТАСС. Триесет и четири лица беа позитивни на коронавирус. Немаа треска или јасни знаци на болест, но сите прекинаа со работата и беа испратени во карантин , рече Урин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.