Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, почна синоќа. Фестивалот го отворија Кристина Озимец, главен координатор на ИФФС и Милан Живковиќ од „Фридрих Еберт Скопје“, кои се партнери на фестивалот.
Прва која имаше обраќање беше новинарката Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачка интелгиенција, која има работено во престижни британски медиуми како Guardian, Sky News, BBC и Channel 4 и Марија Фернанда Лаурет од „Контраст“ која работи ви- ар новинарство.
Уште додека студирав беше јасно дека дигиталната ера ќе ја наруши секоја сфера од општеството од финансии, здравствениот систем до медиумите. Па кога помислив во кој дел може јас да дадам најголем придонес, секако дека тоа беа медиумите. Ова е и многу возбудливо време за работа со медиуми затоа што алатките се лесни за користење, а досегот до публиката е побрз и поопсежен од било кога претходно, на пример на телевизијата ѝ беа потребни 68 години за да дојде до 50 милиони гледачи, а оваа бројка корисници Твитер ја достигна за само две години, рече Јакимовска на дискусијата.
Фернанда Лаурет објасни што значи ви – ар новинарството.
Виртуелната реалност има навистина друг тек на работа. Многу сме зависни од технологијата. Работата вклучува многу етички прашања, мора да сме многу вниумателни кога снимаме и на луѓето од околината јасно да им се виоочи дека се снима со 360 камера бидејќи таа практично го снима целиот простор, нема рамка, Работиме на многу важни теми, како на пример проблемите на бегалците. Виртуелната реалност овозможува да го почувствувате просторот, па гледајќи ги бегалските кампови на пример, ја доживувате таа клаустрофобија. Едноставно со помош на виртуелната реалност ги носиме гледачите во животите на луѓето кои се дел од важни општествени теми, рече таа.
За денеска на фестивалската програма е дисксија на темата „Студентски и младински новинарски иницијативи – потенцијалот на неформалното новинарско образование“, каде гости на дебатата ќе бидат: Емилија Петреска, Сефер Селими, Ангела Петровска, Милена Атанасоска-Манасиева, а ќе ја модерира Даниел Евросимоски.
Потоа следат дури три работилници – „Новинарство со виртуелна реалност за заштита на правата на бегалците“, „Н3MAМ ШТ0 ДА КРИЈАМ“ и „Инстаграм за новинари“.
Во 17 е закажана проекција на филмот „Мрачно место“, а потоа во 18 следи доскусијата за програмата за жени-новинарки, можности за промени во медиумската сфера.
Во 19 часот е закажана дебата на темата: Владината борба против дезинформации – можност за цензура, неопходен чекор или само план на хартија? Гости на дебатата ќе бидат: Џелал Незири, Назим Рашиди, Жанета Трајкоска, Александар Србиновски, Зоран Бојаровски, а ќе ја модерира Васко Маглешов.
Во 20:30 е проекција на филмот „Времето на децентрализиран интернет доаѓа“, а со проекцијата на документарниот филм „Чистачите“ во 20:45 ќе биде затворен вториот фестивалски ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.