Ни по четири години откако е затворена, ниту Градот Скопје, ни Министерството за култура не планираат реновирање или реконструкција на Универзалната сала. Министерството тврди дека Салата е во надлежност на Град Скопје, а вториве пак велат дека тоа е капитална инвестиција која треба да се финансира од централниот буџет. Три проекти се направени за Универзална и за сите вкупно платени се над 600 илјади евра. Во меѓувреме 25-те вработени го чуваат најголемиот неискористен објект за култура да не се дораспадне.

извор: самопрашај.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.