Пред 25 години почина Милан Младеновиќ, легендарниот фронтмен на култната група „Екатарина Велика“, еден од највлијателните бендови во поранешна Југославија. Младеновиќ почина од рак на панкрееас.

Младеновиќ беше роден во 1958 година во Загреб, а поголемиот дел од детството и од животот го помина во Белград.  На крајот на 1970-ите, тој ја основал својата прва група „Лимуново дрво“, од што ќе произлезе „Шарло акробата“, а потоа и „Екатарина Велика“, прво под името „Катарина Друга“.

Бендовите во кој  беше член беа мошне важни на музичката сцена и за генерациите во Југославија во 1980-ите.

За крај, само би кажал дека во никој случај не жалам што сите овие години сум ги потрошил на така несериозна работа како рокенрол и мислам дека почесно и поискрено и не сум можел да ги потрошам“, се вели на крајот на монографијата посветена на Милан Младеновиќ.

Името на Милан Младеновиќ денес носат улици во Белград, Загреб и Подгорица.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.