Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2018 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева ја направи првата селекција од пристигнатите романи, избирајќи 11 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Во следниот круг на конкурсот за „Роман на годината за 2018“ одат романите:

  1. „Страв од варвари“, Петар Андоновски, „Или-или“
  2. „Последното име на иднината“, Живко Грозданоски, „Антолог“
  3. „Лидија, или сѐ што знам за жените“, Тихомир Јанчовски, самостојно издание
  4. „Пливање спротиводно“, Ненад Јолдески, „Или-или“
  5. „Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, „Или-или“
  6. „Земја на бегалци“, Кица Колбе, „Или-или“
  7. „Меѓу чаршијата и црквата“, Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“
  8. „Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или-или“
  9. „Маџун“, Влада Урошевиќ, „Магор“
  10. „Луѓе без минато“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
  11. „Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.