За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго.Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи, најавува кандидатот за градоначачник на Центар Наташа Котлар.

Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството.Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец.Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа.Се грижиме за најмладите! За Центар со душа-набројува Котлар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.