Предраг Гага Антонијевиќ е заинтересиран за мистериозното убиство на Јелена Марјановиќ. За неколку дена, славниот режисер ќе започне со снимањето на новата серија „Пејачка“ инспирирана од животот на српската, која ќе ја игра Милица Павловиќ.

Милица Павловиќ се приклучи на актерскиот тим на серијата„ Пејачка“, чие снимање започнува во Белград на 12 август и ќе трае до 12 ноември. Креатори и сценаристи на серијата се Наташа Дракулиќ и Предраг Гага Антонијевиќ, а режисер е Милош Кодемо. Продукцијата е на Данделион инк и Филмски дани.

Предраг Гага Антонијевиќ има само зборови со пофалби за младатаа пејачка:

Сите знаевме дека Милица пее убаво, но таа бесконечно нè воодушеви и нè изненади со нејзиниот актерски талент, кој не се наоѓа често. Не е ни чудо што претходно добила понуди за филмски проекти .

Серијата е инспирирана и посветена на фолк пејачката Јелена Марјановиќ, која беше брутално сверски убиена на 2 април 2016 година на насипот во Борча. Сопругот на пејачката Зоран Марјановиќ е осомничен за убиството, против кого повеќе пати е е подигнато и обвинение, а судењето е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.