Има индиции дека некој ја иницирал несреќата на Никола Младенов – тврдеше актуелниот премиер, тогашен лидер на СДСМ, Зоран Заев, додека користеше прислушкувани разговори за политики поени.

Тој тврдеше дека Младенов е убиен. Презентирајќи ја предизборната платформа „План за Македонија“ во Охрид во декември 2016 година рече:

Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Диво Насеље. Секоја земја има обврска сѐ да се открие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Македонија.

Поминаа повеќе од две години од оваа изјава. Поминаа речиси три години од пресот посветен за Младенов на која тој тврдеше дека доказите јасно укажувале дека постапката за Никола Малденов, власта на Груевски ја водела неодговорно.

Јавноста знае дека сообраќајката е затворена како несреќен случај, без да се поведе кривична постапка. Аудиоразговорите го отвораат прашањето дали случајот може да се затвори како трагична несреќа или има индиции дека некој можеби ја иницирал несреќата – изјави тогаш Заев.

Тој пушти разговори кои иако ништо не укажуваа, ги надополнуваше со свои коментари и толкувања, со кои сакаше да наметне дека Младенов е убиен од тогашната власт. Гордана Јанкулоска во разговор со Мартин Протоѓер вели дека нема ништо туку дека излетал од автомобил. Јанкулоска објаснува дека зборела со Павле (Трајанов), кој ја замолил во името на сопругата на Младенов да провери преку телефон каде се наоѓа тој. Објаснува и дека сопругата на Младенов дошла во полициска станица, пополнила барање за лоцирање на Младенов, по што го нашле за два часа, нешто што не е спорно и нешто што го потврди и сопругата на Младенов, Билјана Младенова, во своето вчерашно интерју дадено за 1ТВ. Младенова вели дека нема нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа на Никола Младенов иако владата на Заев во програмата од 2017 година стави дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината, но овие две години не е спомнат случајот.

Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно, рече Младенова.

Ова само потврдува дека во таканаречените „бомби“ не беше објавено ништо ново и сомнително, и дека Заев се обиде да ги изманипулира граѓаните, коментирајќи, додавајќи, обинувајќи.

Ќе се извини ли сега Заев на јавноста за пласираните лаги, за лажните ветувања, за лажното обвинување за наводно убиство. Ќе одговара ли Заев за злоупотреба на разговори за да им наштети на личности, собирајќи политички поени. Сомнителната боја, исклучените камери, наводните сметки – сето тоа беше само обид на Заев да ја изманипулира јавноста, што се докажа и од изјавата на Младенова, која, како што рече, одговорно тврди дека Младенов загина поради неприлагодена брзина на условите на патот. Од „бомбите“ на Заев дознала само кој какво мислење имал за нејзиниот сопруг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.